Интер е блиску до освојување на шампионската титула во Серија А, но тоа не значи и дека Антонио Конте ќе остане на клупата и следната сезона. Иако клубот сака да му понуди продолжување на соработката и зголемување на годишната плата на 13,5 милиони евра, сепак, стратегот најверојатно ќе одлучи да замине бидејќи не се согласува со дел од стратегијата за нови засилувања.
Од Италија доаѓа најава дека Конте ќе го напушти „Џузепе Меаца“ на крајот од сезоната, а Интер веќе го контактирал Масимилијано Алегри за негов наследник. Следи мисијата на Бепе Марота кој треба да го „украде“ Алегри пред носот на Јувентус.
Андреа Ањели исто така е одличен пријател со Масимилијано Алегри и му најави дека смета на него за новата сезона иако се уште не е до крај јасно што ќе биде со Андреа Пирло. Но, Интер сака да реагира побрзо и да го договори доаѓањето на Алегри во Милано. Тој претходно беше тренер на лутиот ривал Милан.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













