Тренерот Ханси Флик и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ водат „војна“ за превласт. Од тоа на крајот трпи тимот. Капитенот Мануел Нојер за првпат проговори за расколот кој владее во клубот и како тоа се рефлектира на составот на Баерн Минхен.
Европскиот првак утревечер го игра реванш натпреварот против ПСЖ на „Паркот на принцовите“ во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Германскиот тим има негатива (2-3) од првиот меч во Минхен.
„Важно е да се концентрираме на нашиот фудбал и на нашиот тим. Се што доаѓа надвор од тимот треба да го оставиме, затоа што ни е потребна позитивна енергија во моментот. Потребен ни е мир околу нас, премногу сме оптоварени со други работи и тоа се рефлектира и на теренот“, изјави Мануел Нојер.
Баерн Минхен се наоѓа на врвот во Бундес-лигата, но доживеа елиминација во Купот на Германија, а има многу тешка задача и на утрешниот реванш против ПСЖ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













