Францускиот интернационалец Осман Дембеле го надмина периодот на чести повреди и конечно се наметна како стартер во тимот на Барселона. Тој оваа сезона игра во континуитет и покажува зошто за него беа платени повеќе од 100 милиони евра.
„Се чувствувам добро, добив на сигурност откако ја надминав повредата. Смешни беа и озборувањата дека сум се повредувал затоа што не сум живеел спортски. Имам уште една година од договорот со Барселона и засега не сум добил понуда за продолжување на соработката. Не го познавам новиот претседател, но гледам дека е близок со фудбалерите. Ќе видиме што ќе се случува, мене ми е убаво на „Камп Ноу“. Се надевам и дека ќе освоиме трофеј оваа сезона“, изјави Дембеле.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













