Connect with us

Ако Мбапе си оди од ПСЖ, првата цел е Мохамед Салах

Пари Сен Жермен се обидува со сите сили да го задржи Килијан Мбапе, но францускиот репрезентативец наводно веќе ја одбил новата соработка со клубот. Тоа значи дека ќе оди на продажба по завршувањето на сезоната затоа што ќе влезе во последната година од договорот.

Мбапе се поврзува со трансфер во Реал Мадрид за 150 милиони евра, а „светците“ веќе ја подготвуваат неговата замена. Иако постоеја гласини дека Леонардо го сака Кристијано Роналдо во Париз, сепак, ПСЖ има други три опции.

Првата е најреална и вели дека Мохамед Салах од Ливерпул треба да биде замената за Мбапе во ПСЖ. Трансферот би чинел околу 90 милиони евра.

Втората опција е Лионел Меси да дојде во ПСЖ, но сепак е многу пореално тој да остане во Барселона или пак евентуално да се пресели во Манчестер Сити.

Третата варијанта е Хари Кејн да биде замената за Мбапе во францускиот првак. За него постои интерес и од Манчестер Сити, Челси и од Манчестер Јуанјтед, доколку сепак се реши да го напушти Тотенхем.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови