Ливерпул ги контактирал претставниците на младиот и екплозивен фудбалер играч од средниот ред на Барселона, Педри, се вели во англиските медиуми. Тинејџерот е моментно еден од највозбудливите таленти кои доаѓаат од школата на Барселона. Тој има ефект од три гола и шест асистенции во сите натпреварувања оваа сезона.
Поради одличната форма, Педри беше награден со повик во сениорската репрезентацијата на Шпанија оваа година, каде веќе има три настапи.
Неговото издигнување се чини дека го привлече вниманието на Ливерпул. Но, англиските медиуми додаваат дека токму ова ги поттикнало каталонците да направат план за нов договор со цел да ги оттргнат сите потенцијални заинтересирани клубови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













