Connect with us

Руски доктор: Туберкулозата што ја имаше Тијаго Силва е илјада пати поопасна од Ковид-19

Докторот на рускиот национален тим, Едуард Безуглов, вели дека бразилскиот ас Тијаго Силва имал туберкулоза во периодот додека бил член на Динамо Москва, а тоа е речиси десетпати поопасно вирусно заболување од Ковид-19.


На крајот, Тијаго Силва ја победи болеста, се врати во Флуминенсе, а потоа замина во Италија и заигра за Милан.


„Коронавирусот е наполно нова инфекција и се појави во декември минатата година. Тпгаш не знаевме и каков е ефектот што ќе го трпат белите дробови. Никој немаше. Има и други фактори за анализа. Ако се започнало во декември, тогаш колку е потребно за организмот да закрепне. Факт е дека после пневмонија, која може да се добие по одредени компликации на грипот, луѓето можат да му се вратат на спортот. Има такви приказни, илјадници. Луѓето после Втората светска војна, ја преживеале и туберкулозата и станаве европски и светски прваци. Во фудбалот најдобар пример е Тијаго Силва. Тој во Динамо Москва страдаше од тешка туберкулоза. Но, ја надмина болеста и стана шампион. Верувајте ми, туберкулозата која ја имаше Тијаго Силва е илјада пати поопасна од Ковид-19“, изјави докторот Безуглов.

Тијаго Силва и со 36 години игра на врвно ниво и со тимот на Челси ќе настапи во четвртфиналето на Лигата на шампионите, на дуелот против Порто.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови