
Селекторот на футсал репрезентацијата на Македонија, Васко Скендеровски, се соочува со многу проблеми со отсутни играчи за претстојните два меча, утре против Босна и Херцеговина во Скопје и на 14 април против Романија во Темишвар.
„Се соочуваме со огроми проблеми во однос на играчкиот кадар, но ова е објективната ситуација и мораме да ја прифатиме. Ќе биде исклучително тешко на овие два натпревари. БиХ веќе и теоретски го обезбедија своето учество на Европското првенство, без императив доаѓаат во Скопје, но тоа е силна репрезентација и секако во вакви околности фаворит против нас. Имаме пет дебитанти во тимот и тоа е добра можност за нив да ја почувствуваат атмосферата во репрезентацијата и да се потрудат да остават позитивен впечаток. Ни преостанува да се бориме до крај и да ја искористиме шансата за добар резултат доколку ни се укаже“, изјави селекторот Васко Скендеровски.
Иван Крстевски (Цико Проект) поради суспензија ќе го пропушти првиот натпревар, а поради повреди или Ковид-19 ограничувања во составот на македонската репрезентација нема да бидат Александар Глигоров (Шкупи), Даниел Де Соуса (Славија Прага), Еркан Сефери (Шкупи), Садат Зибери (Италпол), Игор Леовски (Славија Прага), Адријан Мицевски (Бетон Бојс, Минхен).
Драган Петровиќ и Драган Ранготов се вклучени на подготовките, но нивниот настап е неизвесен поради повреди. Во составот на Скендеровски, дури петмина се дебитанти. Берат Рамадани (Арбен Бајрами), Петар Даиловски (Железарец), Александар Михајлов (Проект Цико), Сами Аљиљи (Велес) и Јовица Марковски (Астибо).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по Еберечи Езе

Евро-фудбал
Милан ги мерка Николас Џексон и Жан-Филип Матета

Евро-фудбал
Фиорентина подготвува нов договор за Моисе Кин

Евро-фудбал
Јуве ќе бара нова позајмица за Коло Муани

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
