Ханси Флик оствари фантастични резултати со Баерн Минхен, ги освои титулите во Бундес-лигата, Лигата на шампионите и на Светското клупско првенство, но е разочаран од статусот што го има во клубот. Најавил кај раководството на Баерн Минхен дека очекува многу поголем респект и влијание околу изборот на нови засилувања.
Во Баерн Минхен има жестока „војна“ на релација Салихамиџиќ – Флик. Спортскиот директор ги носи новите засилувања, а веројатно и нема соодветна комуникација со тренерт Ханси Флик. Тие имале и жестока расправија, па на крајот од сезоната ќе мора и еден да си замине. Неодамна се случила и кавга во клупскиот автобус.
„Не сум горд на една реченица што му ја кажав. Разговаравме после тоа, си подадовме рака и рековме дека треба работите да ги насочиме во вистински правец. Но, тоа треба да се прави и во пракса секојдневно, не само со празни зборови. Кога ќе направите нешто лошо, се извинувате и одите понатаму“, изјави Ханси Флик.
Баерн Минхен вечерва го игра првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski