Connect with us

Зидан: Ливерпул шутна само еднаш и даде гол….Торино ми е во срцето

Реал Мадрид и покрај проблемите во одбраната успеа да слави против Ливерпул со 3-1 во првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите. Тренерот Зинедин Зидан вели дека неговиот тим комплетно го надиграл противникот, а тие од единствениот шут постигнале гол.

„Одигравме одличен меч, момците ги контролираа сите случувања на теренот. Токму онака како што се договоривме пред мечот. Морам да бидам задоволен, иако Ливерпул шутна само еднаш и даде гол. Двомечот се уште е отворен, треба да патуваме во Англија и таму никогаш не е лесно да се игра“, изјави Зинедин Зидан.

Францускиот стратег одговори и на прашањето за неговиот поранешен клуб Јувентус. Италијанскиот клуб е во криза, а и името на Зидан се споменува како можен нов тренер од следната сезона.

„Во Јувентус поминав пет прекрасни години од кариерата, Торино ми е во срцето. Но, сега сум тренер на Реал Мадрид и комплетно сум посветен на мојата работа“, дополни Зидан.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови