Германскиот репрезентативец Серж Гнабри кој пред шест дена играше против Македонија на квалификацискиот меч во Дуисбург, е позитивен на Ковид-19, потврди неговиот клуб Баерн Минхен. Тој веднаш откако добил позитивен тест на коронавирус е префрлен во изолација и нема да му биде на располагање на тренерот Ханси Флик на двомечот против Пари Сен Жермен во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Гнабри беше во стартниот тим на селекцијата на Германија на 31 март на дуелот што Македонија сензационално го доби со 1-2, со головите на Горан Пандев и на Елиф Елмас. Тој настапи и во саботата на дербито против Лајпциг и Баерн Минхен откако доби шанса во последните дваесетина минути. Тренерот Ханси Флик истакна дека Гнабри го пропуштил вчерашниот тренинг поради нарушена здравствена состојба, а денеска и официјално добил позитивен тест на Ковид-19.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski