Капитенот на Барселона, Лионел Меси, беше незадоволен од односот на судијата Латре на синоќешниот меч против Валјадолид (1-0). Тој вели дека судијата едвај чекал Меси да направи потег за жолт картон, а во таква ситуација ѕвездата на каталонскиот тим ќе го пропуштеше дербито против Реал, популарното „Ел Класико“ во следното коло. Во истата ситуација беше и играчот за врска на Барса, Френки де Јонг.
Телевизиските камери ги овековечија зборовите на Меси за судијата, упатени до делегатот Карлес Навал:
„Тој бараше начин како да ми покаже жолт картон. Бууу, неверојатно“, рече Меси.
Мегадуелот меѓу Реал Мадрид и Барселона е закажан за 10 април, домаќин е „кралскиот клуб“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими













