Поранешниот шпански репрезентативец Абелардо Фернандез е сменет од тренерската позиција во Алавес само три месеци откако се врати во клубот. Тој на 12. јануари се врати во клубот кој некогаш играше за да му помогне да избори опстанок, но тоа се покажа како тешка задача.
На девет кола до крајот на првенството во Ла Лига тимот се наоѓа на последната позиција на табелата со три бода негатива во однос на тимовите од сигурната зона. Абелардо оствари само една победа на 11 натпревари, зачинето и со две ремија, на сите останати мечеви доживеа порази.
Наследникот на Абелардо ќе дебитира во дербито на Баскија против Атлетик Билбао.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими













