
Бразилскиот ас Фелипе Кутињо нема среќа со повредите. Тој ќе мора да замине на нова операција на левото колено. Одлуката е донесена во консултација со лекарскиот тим на бразилската фудбалска репрезентација, а ќе го оперира Родриго Ласмар, главниот доктор во тимот на „кариоките“.
Кутињо е надвор од терените од крајот на декември и првично требаше да биде подготвен за настап на почетокот на април, но здравствената состојба се искомпликува и тој ќе мора на нова операција. Целта е да биде подготвен за Копа Америка, кој е закажан за 13.јуни.
Ова значи дека ќе ја пропушти сезоната во Ла Лига до самиот крај, а потоа најверојатно Барселона ќе сака и да го продаде. Од друга страна, ова е „добра вест“ за каталонскиот клуб, затоа што нема да одигра 10 натпревари оваа сезона и Барселона нема да му плати на Ливерпул бонус од 20 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен
