Лионел Меси ќе стане слободен агент по завршувањето на неговиот договор со Барселона ова лето, а неговата иднина сѐ уште не е одлучена. Тренерот на „каталонците”, Роналд Куман, верува дека клубот нема лесно да се откаже од шесткратниот освојувач на „Златната топка“.
„Продолжувањето на договорот на Меси е многу важна работа. Ние ќе дадеме сè од себе за Лео да остане во клубот уште многу години. Но, во моментов, не размислуваме за следната година, туку за следниот натпревар”, изјави Роналд Куман на прес-конференцијата пред дуелот со Валјадолид.
Во Шпанија се шпекулира дека новиот договор на Меси е апсолутен приоритет на претседателот на Барселона, Хоан Лапорта. Со оглед на тоа дека Куман имал состанок со Лапорта, се верува дека наскоро ќе стигне и официјалната понуда за продолжување на соработката со аргентинскиот ас.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими













