Белгискиот интернационалец Еден Азар се врати во тимот на Реал Мадрид и го издржа комплетниот тренинг. Ова предизвика насмевка кај тренерот Зинедин Зидан во пресрет на суперважните натпревари на „кралскиот клуб“. Претстои двомечот со Ливерпул во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а следната седмица и „Ел Класико“, мегадуелот против Барселона.
Еден Азар заработи повреда на скочниот зглоб, но успеа да се опорави и побрзо од очекувањата откако мина неколку дена со физиотерапевтот на белгиската фудбалска репрезентација. Се врати во Мадрид без болки, во петокот го одржа првиот тренинг, а викендов веќе работи со максимален интензитет.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими













