
Реал Сосиедад ја доби баскиската пресметка во финалето на Купот на Шпанија и по цели 34 години успеа да го освои трофејот во ова натпреварување. По голема драма, и петминутно прегледување на ВАР-снимката, беше досуден пенал за Реал Сосиедад по играта со рака во шеснаесетникот на Атлетик Билбао, а успешен реализатор беше Микел Ојарзабал во 63.минута.
Но, ова беше финале за сезоната 2019.20 и Реал Сосиедад само две недели ќе го има пехарот во клупските витрини. Клубот ќе биде запишан во историјата дека најкусо бил сопственик на престижниот трофеј во Купот на Шпанија. На пехар чекаше од сезоната 1986/87.
Во финалето на Купот на Шпанија за оваа сезона, повторно ќе игра Атлетик Билбао, но овојпат против Барселона, а мечот е закажан на 17.април.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ардон Јашари потпишува за Милан

Прва лига
Брера се засили со Босанецот Макиќ

Интернационалци
Игор Ангеловски ќе биде тренер на Приштина?
