
Првенството уште малку ќе почне, а во Вардар се е по старо – пари нема, само ветувања дека долговите ќе бидат платени. Раководството е во оставка, навивачката група Комити инсистира ситуацијата брзо да се разреши, а Град Скопје се обидува да дискутира, но не го сака назад во владение со наталожените долгови. И на крајот, се се сведува на едно решение кое се одолговлекува со месеци, спонзорот Сергеј Самсоненко треба да ги подмири долговите. Најновиот елемент е дека се прават некои состаноци, активност за да се најде решение, но всушност единственото решение е – да се платат долговите.
Требаше тоа да се случи многу одамна, оттогаш само се таложат камати, а всушност, главнината е основниот проблем. Вардар е должен околу 2,4 милиони евра, кон фудбалери, тренери, сегашни и поранешни, но и разни други субјекти. Сметката е блокирана од АДССДП, па дури и да се простат каматите, тоа нема да го реши проблемот.
Во еден ваков безизлез, најлесно е да се вети дека ќе дојдат шеиците од Катар – „Катар Ервејс“ и дека во клубот ќе вложат 5 милиони евра по сезона. Но, фудбалерите веќе не се наивни и не сакаат да прифатат старт на подготовките доколку нема исплата на долговите. А тие се навистина сериозно големи.
Во Вардар во моментот нема ниту за најосновните потреби. За да почнат подготовки, треба да се обезбеди исхрана за фудбалерите, автобус, ќе треба да се одиграат барем неколку пријателски натпревари. Вардар во моментот нема финансиски средства ниту да обезбеди стадион каде би ги играл домашните натпревари од Првата лига. Се уште смета на дел од фудбалерите кои немаат најдено нови клубови, но всушност сите се слободни поради неисплатени плати.
Состојбата воопшто не е наивна и никој не може да ја разреши освен актуелното раководство во оставка и спонзорот Сергеј Самсоненко кој треба да ги подмири долговите. Се друго ќе биде изнудено решение за месец или два, а во една таква ситуација ниту еден спонзор не би се нафатил да вложува во клубот… Интервентно, Град Скопје и спонзорот Сергеј Самсоненко треба да обезбедат по 100.000 евра, да се одблокира сметката, да се прости каматата од АДССДП и некако да се стартува.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Елиф Елмас е на чекор до враќање во Наполи

Евро-фудбал
Сасуоло го претстави Немања Матиќ
