
Фудбалската репрезентација на Македонија го одржа официјалниот тренинг пред утрешниот дуел со Германија во Дуисбург. Освен казнетиот Илија Несторовски, селекторот Игор Ангеловски ги има на располагање сите фудбалери, а Дарко Велковски и Аријан Адеми го издржаа тренингот и ќе конкурираат за составот.
Велковски ги пропушти првите два меча против Романија и против Лихтенштајн, но се опорави од повредата на бутниот мускул и најверојатно ќе може да ја засили одбраната на утрешниот меч. Аријан Адеми имаше дозирана минутажа на првите два меча, но подготвен е за 90 минути против селекцијата на Јоаким Лев.







-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal