
Германија е голем фаворит, меѓутоа Македонија е екстра мотивирана да покаже што знае и умее. Капитенот Горан Пандев вели дека во фудбалот се случуваат чуда, а нашите фудбалери се подготвени да го дадат најдоброто на дуелот против селекцијата на Јоаким Лев.
„Знаеме ние со каков квалитет располага Германија, но едноставно тоа е голем мотив за нас да одиграме најдобро што можеме. Во минатото покажавме дека можеме да се носиме со големи репрезентации, верувам дека можеме да прикажеме една добра игра. И Германците мислам дека нема да опуштат, знаат дека сме репрезентација која ќе игра на Европско првенство, дека поседуваме квалитети. Тие се фаворити, тоа е јасно, но во фудбал се случуваат и чуда. Ние утре нема што да загубиме, убеден сум дека ќе одиграме на потребното ниво и дека ќе биде тоа одличен натпревар“, изјави капитенот Горан Пандев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
