
Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер во Дуисбург ќе ги одмери силите со Германија, фаворитот во нашата група, а како што вели селекторот Ангеловски, селекција која е фаворит на сите европски и светски првенства. Но, најави дека и нашите фудбалери сочувале сили за мечот против Германците и дека дуелот сам по себе е огромен мотив за Пандев и другарите.
„Германија е фаворит на секој натпревар, не само против нас, туку се фаворити и за освојување на светските и европските првенства. Ова е еден посебен меч за нас, ќе ни биде задоволство да се надигруваме со ваков противник. Ова е трет натпревар во низа, но и ние сочувавме дел од силите за мечот со Германија“, изјави селекторот Игор Ангеловски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal