Италијанскиот првак Јувентус е сериозно заинтересиран за Жоао Феликс, младата португалска ѕвезда и соиграч на Кристијано Роналдо во националниот тим. Токму на препорака на Роналдо, тој би пристигнал во Торино во летниот преоден рок за сума од 70 милиони евра, а за петгодишна верност кон Јуве би заработил вкупно 45 милиони евра.
Жоао Феликс за 125 милиони евра од Бенфика се пресели во Атлетико Мадрид, но не успеа да се наметне како лидер на тимот, па шпанскиот клуб сака да врати дел од инвестицијата. Можно е како дел од трансферот и Алваро Мората повторно да се врати во Атлетико Мадрид.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski