
Познато е дека во драмата во Белград против репрезентацијата на Србија, Португалија остана без два бода кои им беа одземени на доста скандалозен начин. На тоа, капитенот на Португалците, Кристијано Роналдо не реагираше соодветно. Пред крајот на дуелот, тој самоволно го напушти теренот и на непрофесионален начин, ја фрли капитенската трака во знак на револт.
Сепак, без разлика на овој чин, неговиот селектор потврди дека 36-годишниот ветеран останува капитен на актуелниот европски првак.
„Тоа што се случи беше само момент на фрустрација. Кристијано останува капитен, тој е пример. Со својот потег не го навреди тренерот или неговите соиграчи. Ако ги навредеше, ќе размислувавме за санкција. Тој секогаш сака да победува и секогаш го дава својот максимум за репрезентацијата. Беше навистина лут и нервозен“, рече Фернандо Сантош.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Луис Суарез нема да остане во Интер Мајами

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
