Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон сака да го напушти Јувентус по завршувањето на сезоната, открива „Газета дело спорт“. Тој е разочаран од екстремно малата минутажа што ја добива оваа сезона. Иако во сериозна возраст, тој се уште брани на врвно ниво, а оваа сезона доби шанса на само десет натпревари во тимот на Андреа Пирло.
Буфон го информирал раководството на „старата дама“ дека сака да замине во друг клуб каде ќе може да одигра уште една сезона, а потоа и да стави конечен крај на блескавата кариера. Италијанските медиуми најавуваат дека Буфон е во преговори со Парма, клубот каде ја почна кариерата во далечната 1995 година.
Доколку не успее да пронајде таков ангажман, каде би бранел речиси постојано, Џанлуиџи Буфон е подготвен да ја заврши кариерата. Јувентус му нуди да остане во клубот и да добие раководна функција.
Буфон од 2001 до 2018 го носеше дресот на Јувентус, а потоа една сезона замина во Пари Сен Жермен, но брзо се врати во редовите на „старата дама“.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski