Каталонскиот гигант Барселона како прв приоритет го има продолжувањето на договорот со Лионел Меси, но размислува и за другите фудбалери од ростерот. Раководството на клубот сака да го задржи и францускиот интернационалец Осман Дембеле кој оваа сезона конечно заигра во континуитет и покажа дека е големо засилување за тимот.
Дембеле имаше многу проблеми со повредите, отсуствуваше, меѓутоа сега конечно е здрав и може да му се посвети на фудбалот. Неговиот договор истекува во јуни 2022 година, а Барселона сака да го продолжи за дополнителни три сезони. Во спротивно, клубот ќе биде приморан да го продаде во летниот преоден рок бидејќи Дембеле ќе влезе во последната година од актуелниот договор.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski