Жан-Клер Тодибо остро ја осуди Барселона поради третманот кој го добива во шпанскиот клуб откако му се придружи во 2019 година.
“Ужасно е да одиш во Барселона, а да не играш. Попрво би играл за Седан Арден во четврта лига, отколку да седам на клупа во Барса. Во Седан би добив/ал помалку критики“, изјави Тодибо за „Л’Екип”.
“Ерик Абидал во мене виде замена за Жерар Пике. Одиграв два натпревари, но потоа Валверде ми рече дека сум четврти избор и дека ќе треба да се докажам за време на претсезоната. Тогаш, Самуел Умтити се повреди, а јас пак не добивав шанса.
„Презентацијата во Барселона беше лудило, но во реалноста, јас одиграв само пет натпревари. Освоив Ла Лига, но не му помогнав на тимот, почнав да играм откако освоивме титулата! Не барам да играм Класико. Со сета почит, дозволете ми да играм. Мислам дека сум доволно добар за да играм против Леганес. Чекав два месеци да играм против Интер и тогаш сфатив дека морам да си заминам”.
Тодибо моментално е на позајмица во француска Ница каде конечно добива редовна минутажа. За време на едногодишната авантура на „Камп Ноу“, централниот бек одигра само пет натпревари во сите натпреварувања.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski