
Фудбалската репрезентација на Македонија има минимално водство од 1-0 против аутсајдерот Лихтенштајн по првото полувреме од првиот дуел на домашен терен во квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година. Енис Барди во седмата минута донесе предност откако од слободен удар откосо од левата страна го изненади гостинскиот голман Бенјамин Бухел. Пет минути подоцна Барди од вториот слободен удар ја погоди гредата.
Не беше Македонија премногу креативна, не го пробива лесно бункерот на Лихтенштајн. Се закани и капитенот Горан Пандев по половина час игра откако Радески со гради му ја спушти топката на шут од 15 метри. Но, Бухел го одбрани неговиот удар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?

Евро-фудбал
Јувентус го враќа Виктор Осимен во Серија А
