Фудбалската репрезентација на Англија ја оствари втората победа во квалификациите за СП 2022 во Катар совладувајќи ја Албанија на гости во Тирана со 0-2. Хари Кејн во 39.минута со удар со глава постигна водечки гол за Англичаните, а Мејсон Маунт во 63.минута го постави конечниот епилог.
Во нашата квалификациска група, Ерменија стигна до втор триумф, совладувајќи го Исланд на домашен терен со 2-0. Тигран Барсегјан во 53.минута донесе водство за Ерменија, а на 2-0 зголеми Корен Бајрамјан во 74.минута.
Грузија не ги сопре Шпанците, имаше 1-1 до судиското продолжение, но, сепак, „црвената фурија“ славеше со голот на Дани Олмо во 93.минута.
Квича Кварацкелија кој не играше во финалниот плејоф меч против Македонија поради позитивен ковид-тест, го постигна голот за Ерменците во 44.минута, а израмни Феран Торес во 56.минута. Шпанија бараше победа до самиот финиш и на крајот успеа да ја оствари.
Данска го декласира составот на Молдавија со 8-0. Долберг и Дамсгард постигнаа по два гола, а мрежата на Молдавците ја тресеа Ларсен, Јенсен, Сков и Ингвартсен.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












