Аргентинскиот стратег на кормилото на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино, сака да го има сонародникот Серхио Агуеро во тимот на „светците“ од следната сезона, открива аргентинскиот весник „Оле“. Тој дефинитивно ќе го напушти Манчестер Сити каде мина цела една деценија, а најавите се дека е најблиску до трансфер во Барселона.
Хоан Лапорта, новиот претседател на Барселона наводно го договорил доаѓањето на Агуеро за да го убеди и Лионел Меси да остане на „Камп Ноу“. Агуеро и Меси се одлични пријатели во приватниот живот.
ПСЖ е подготвен на Агуеро да му даде огромна плата за да го привлече да пристигне во Париз.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












