Лионел Меси влегува во последните 100 дена од актуелниот договор со Барселона. И се уште владее комплетна неизвесност каде ќе ја продолжи кариерата. Дали ќе остане и понатаму на „Камп Ноу“ или пак ќе прифати една од понудите за преселба во Англија, Франција или Италија.
По промената на раководната структура во Барселона, Лионел Меси засега е најблиску до останување во клубот. Тој има многу подобри релации со Хоан Лапорта кој се обидува на секој можен начин да го убеди да остане на „Камп Ноу“. Ќе има помала плата од сегашната, но ќе добие доживотен договор, односно да добие и функција во клубот по завршувањето на кариерата.
Пари Сен Жермен, Манчестер Сити и Интер се останатите три опции. Можеби преселбата во Италија е сепак најдалечна, а Париз и Манчестер се дестинации каде реално Лионел Меси би можел да заврши доколку одлучи да ја напушти Барселона.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












