Велшкиот интернационалец Герет Бејл повторно е тема во Англија. Одигра неколку натпревари на потребното ниво, но во глобала неговото доаѓање во Тотенхем на позајмица не му донесе екстра квалитет на тимот. Но, тој не е премногу загрижен, вели дека ќе се врати во Реал Мадрид по завршувањето на сезоната затоа што има уште една година од договорот со „кралскиот клуб“.
„Имам уште една сезона од договорот со Реал Мадрид. Ќе се вратам таму, тоа е мојот план. Дојдов во Тотенхем само за да имам поголема минутажа и да бидам подготвен за Европското првенство“, изјави Герет Бејл.
Тотенхем добро ја почна сезоната, но потоа падна во резултатска криза, а доживеа и елиминација од Динамо Загреб во Лигата на Европа.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski