Шпанскиот гигант Реал Мадрид на барање на тренерот Зинедин Зидан е подготвен да направи изненадувачки трансфер во летниот преоден рок. Покрај Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе кои се топ приоритети, францускиот стратег сака да доведе и напаѓач од Болоња. Се работи за Муса Бароу, 22-годишниот интернационалец од Гамбија.
Зидан го следел Муса Бароу на неколку натпревари и бил импресиониран од способностите на напаѓачот на Болоња. Тој дојде од Аталанта за сума од 13 милиони евра, а оваа сезона во дресот на Болоња постигна шест гола и забележа дури девет асистенции на 29 натпревари. Во репрезентацијата на Гамбија досега тој има десет настапи и два постигнати гола.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












