Connect with us

Јанков: Чест ми е што сум дел од А-тимот (ВИДЕО)

Досегашниот голман на младата фудбалска репрезентација на Македонија, Ристе Јанков, доби прв повик во А-тимот. Горд е што ќе биде со најдобрите и верува дека Македонија има голем квалитет да оствари успеси и во квалификациите за СП 2022 во Катар.


„Чест и задоволство е што ќе бидам дел од овој тим. Благодарам за поканата. Ќе го дадам својот максимум за што подобро да се подготвиме за овие натпревари. Оваа селекција има квалитет и може да се носи со сите. Верувам дека ќе ја постигнеме нашата цел. Со тоа што се пласиравме на ЕП докажавме дека имаме квалитет во нашите редови. Убеден сум дека момците ќе го дадат максимумот. Секој натпревар е важен и верувам дека ќе имаме успеси“, изјави Ристе Јанков.


Македонија на стартот од квалификациите за Светското првенство ќе игра против Романија во Букурешт на 25. март. Потоа следат дуелите со Лихтенштајн во Скопје (28.март) и со Германија во Диосбург (31.март).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови