Фудбалската репрезентација на Македонија е пред нова мисија, почеток на подготовките во квалификацискиот циклус за СП 2022 во Катар. Напаѓачот Влатко Стојановски вели дека сега сите ќе имаат максимален респект за националниот тим, откако Македонија обезбеди пласман на Европското првенство.
„Досега многупати докажавме дека можеме да се надигруваме со сите селекции. Кај нас одлична атмосфера по успешните квалификации за ЕП и мислам дека сме подготвени за овие три натпревари од квалификациите за Светското првенство. Мотивот секогаш е на високо ниво кога се игра за Македонија. Романија поседува голем квалитет и сигурен сум дека ќе биде одличен натпревар. По нашиот пласман на ЕП, сега сите репрезентации ќе нè гледаат со поинакви очи“, изјави Влатко Стојановски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими













