Андреа Пирло е на чекор до отказ и добил ултиматум од раководството на клубот да го победи градското дерби против Торино ако сака да ја зачува работата во Јувентус. Ова го тврди весникот „Тутоспорт“ кој важи за близок до италијанскиот првак. Доколку кризата се продлабочи и после репрезентативната пауза и Јувентус не победи против Торино, тогаш Пирло ќе добие отказ.
„Старата дама“ шокантно загуби од Беневенто (0-1) на домашен терен и сега „бјанконерите“ заостануваат 10 бода зад лидерот Интер. Претходно, доживеаја елиминација и од Порто во Лигата на шампионите.
Атмосферата во клубот е сериозно нарушена, па претседателот Ањели веќе сериозно размислува за тренерска смена.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












