
Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез ги сподели своите емоции по неговиот 500. гол во кариерата. Со шпанскиот клуб јуриша кон шампионската титула, но никогаш нема да го заборави периодот во Холандија, настапите за Гронинген и за Ајакс. Претходно беше дел и од Ливерпул и Барселона.
– Петсто голови, па дури и повеќе спомени. Сè започна во Уругвај. Кога дебитирав во мојот тим од соништата од детството Национал од Монтевидео, мислев дека нема ништо подобро од ова. И тогаш ја освоивме шампионската титула. Бев подготвен да го направам следниот чекор, а преселбата во Европа на 19 години беше голема работа. Не можев да го сторам ова без доверба и поддршка од луѓето во Гронинген, и во клубот и од навивачите.
Амстердам ме направи ова што сум денес. Нема подобро место за учење и растење како играч. Да се биде капитен на ваков клуб е најдоброто нешто што го постигнав во мојата кариера. Ливерпул беше посебен. Врската со навивачите ме инспирираше да го прифатам предизвикот да се натпреварувам во ваква конкурентна лига. Барселона, неверојатен град, ме пречека со раширени раце. Бев во можност да играм со најдобрите играчи во светот и да ја освојам Европа. Што повеќе би можел да побарам?
Сега Мадрид е местото каде што уживам и се борам за клубот. Сакам да постигнам уште многу голови тука и се надевам дека навивачите наскоро ќе се вратат на стадионите за да можеме сите заедно да славиме. Претставувањето на мојата земја на најважните стадиони во светот отсекогаш била моја најголема чест. Можеби не го знаете ова, но вие учествувавте во сите голови што ги постигнав. И денес им благодарам на сите навивачи кои ме поддржуваа во моите тимови сите овие години, од Монтевидео до Мадрид, од 0 до 500 погодоци. И што друго претстои … – напиша Суарез на Инстаграм.
Уругваецот вчера го постигна јубилејниот 500-ти гол во кариерата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно
