Поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри му даде поддршка на актуелниот стратег на „старата дама“, Андреа Пирло. По шокантниот пораз од Беневенто (0-1) на домашен терен, јавноста на Апенините се сомнева дека Пирло е вистинскиот човек за клупата на Јуве.
„Според мене, Пирло добро работи во Јувентус. Не е лесно да се состави нов тим кој веднаш ќе игра според замислите на тренерот“, изјави Алегри за „Скај Спорт Италија“.
Поддршката за Пирло доаѓа во време кога Јувентус не ги испорачува очекуваните резултати. Алегри беше на кормилото на Јувентус од 2014 до 2019 година. Под негово водство, тимот освои пет шампионски титули во Италија, како и четири Купа и два Суперкупа.
Пирло беше именуван за нов тренер на Јувентус летото 2020 година.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












