
Фудбалската репрезентација на Романија ги стартуваше подготовките за мечот со Македонија в четврток во Букурешт. Без селекторот Мирел Радој кој е во изолација поради позитивен тест на Ковид-19, но со оптимизам дека ќе остварат триумф на стартот од квалификациите за СП 2022 во Катар. Едно од новите лица во А-тимот на Романија, е Валентин Михаила, крилниот играч на калчолигашот Парма, кој досега беше член на селекцијата до 21 година и очекува деби во сениорскиот состав токму против Македонија.
„Ова е нов почеток, нов квалификациски циклус, а за мене е огромна чест да бидам дел од А – тимот. Мотивиран сум максимално да ги докажам моите квалитети и да и помогнам на репрезентацијата да оствари успеси. Прва пречка на патот кон СП во Катар ни е Македонија и мислам дека за нас само победа доаѓа в предвид. Верувам дека сме поквалитетен состав и тоа ќе го докажеме на натпреварот в четврток“, изјави Валентин Михаила.
Романскиот национален тим денеска треба да се комплетира, а главни алки во составот се Николае Станчиу и Јанис Хаџи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рафиња потпишува нов договор со Барселона

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
