
Македонскииот прволигаш Шкупи беше многу блиску до првиот триумф на подготовите во Анталија, но не издржа во финишот од тестот против украинскиот Лвов. Тимот на Хасан Озер прими гол во судиското продолжување за конечни 1-1.
Шкупи имаше водство од десеттата минута на овој меч, кога Ламине Дијак постоигна погодок по проигрувањето од Филип Глигоров.
Во завршницата, кога Хасан Озер им даде шанса и на „резервистите“, Лвов успеа да стигне до реми. Шкупи мечот го стартуваше со следниот тим: Наумовски, Глигоров, Исмаили, Илјази, Нето, Сенгор, Дијак, Алварез, Бугазели, Адеми, Цветаноски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
