
Барселона ја оствари петтата последовна победа во Ла Лига декласирајќи го Реал Сосиедад на гости со 1-6. Тимот на Роналд Куман доминираше во текот на целиот меч и со овој триумф повторно се доближи на четири бода негатива во однос на лидерот Атлетико Мадрид.
Антоан Гризман го отвори резултатот, а потоа Сержињо Дест постигна два гола за каталонскиот тим. На 0-4 зголеми Лионел Меси, петтиот гол беше дело на Осман Дембеле, а потоа Реал Сосиедад постигна почесен погодок преку Андер Беренечеа. Во завршницата Лео Меси со вториот гол го постави конечниот епилог, 1-6.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
