
Ренова е во незавидна позиција на табелата, падна на 11. место и тимот на Ќатип Османи нема друг избор освен да атакува на триумф на денешната пресметка против Македонија ЃП. Башким Велија вели дека ќе биде тежок натпревар, но верува во успех на својот тим.
„Не очекува тежок натпревар против квалитетен ривал. Но, ние едноставно мораме да почнеме да победуваме. Подготвени сме за предизвикот и се надевам дека со добра игра ќе успееме да ги освоиме бодовите“, истакнува Башким Велија.
Тимот на Жикица Тасевски како да се опушти по одличната есен и во пролетниот дел од сезоната не игра на истото ниво.
Во Струмица денеска двојна прволигашка програма. Академија Пандев на домашен терен ќе го пречека тимот на Струга Трим Лум, а во Струмица ќе гостува и Работнички, но против Беласица. „Романтичарите“ сакаат да им се вратат на победите откако во минатото коло загубија на домашен терен од Академија Пандев. Сепак, имаат максимален респект за Беласица.
„Беласица е многу поквалитетен тим оваа пролет. Има неколку одлични индивидуалци во тимот и јасно ни е дека не очекува многу тежок натпревар. Ние ги анализиравме сопствените грешки на мечот против Академија Пандев и ќе се обидеме да бидеме на потребното ниво во Струмица. Целта е да се вратиме во посакуваниот ритам што го имавме пред последниот пораз. Мораме да бидеме максимално фокусирани и внимателни и да го дадеме најдоброто од себе за да успееме во нашата цел“, вели капитенот Горан Силјановски.
Шкупи има големи амбиции оваа сезона и најавува борба за шампионската титула до последното коло. Во моментот тимот од Чаир заостанува седум бода зад Шкендија, а ако сака да истрае во трката тогаш треба да слави на денешниот меч против Силекс во Кратово.
Вардарци се надеваат дека можат да останат непоразени во дуелот со лидерот Шкендија, но јасно е дека квалитетот во моментот е на страната на составот на Ернест Ѓока. Лидерот доаѓа по три бода на арената „Тодор Проески“. Сепак, дербито се очекува да биде неизвесно и возбудливо.
Утре ќе се игра дуелот меѓу Борец и Пелистер.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
