Connect with us

Дерби со поинаков вкус: Може ли Вардар да и одолее на Шкендија?

Вардар и Шкендија не така одамна водеа жестока битка за титулата, а овие дерби мечеви беа шлаг на сезоната. Сепак, во овој шампионат, Вардар не е доволно конкурентен, си има свои проблеми од финансиска и организациска природа, а Шкендија е повторно лидер на табелата.


Но, тоа не значи дека денешното дерби нема да биде возбудливо, иако е јасно дека квалитетот на страната на тетовскиот тим. Сепак, и на вардарци им се многу потребни бодови за бегство кон горниот дел од табелата.
Голманот Костадин Захов, кој во минатото беше и дел од Вардар, вели дека за Шкендија дуелот со најтрофејниот клуб е како финале кое сакаат да го добијат.


„Шкендија е во трка за титулата и за да ја оствариме целта треба да победуваме. Имаме предност од седум бода, но максимално сме фокусирани на тоа што ни претстои. Секоја грешка може скапо да не чини и затоа максимално сериозно му приоѓаме на секој натпревар. Во сабота не очекува дуел со Вардар и ние сме подготвени. За нас тој меч е како финале кое сакаме да го добиеме. Мораме со таков став да играме до крајот на првенството“, изјави голманот на Шкендија.


Вардар ќе биде без шефот на стручниот штаб Никола Илиевски Џиџи кој е позитивен на Ковид-19, тимот ќе го водат неговите асистенти. Вардарци се надеваат дека можат да останат непоразени во дуелот со лидерот.
Ренова во Тетово го пречекува составот на Македонија Ѓорче Петров. „Гипсарите“ се во серија од три меча без пораз, но паднаа на претпоследната позиција на табелата и сигурно ќе сакаат триумф против ѓорчепетровци. Тимот на Жикица Тасевски како да се опушти по одличната есен и во пролетниот дел од сезоната не игра на истото ниво.


Академија Пандев на домашен терен ќе го пречека тимот на Струга Трим Лум, а во Струмица ќе гостува и Работнички, но против Беласица. Во Кратово, Силекс е домаќин на Шкупи.


Утре ќе се игра дуелот меѓу Борец и Пелистер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови