
Не така одамна дуелите меѓу Вардар и Шкендија беа шлаг на сезоната, пресметка за врвот на табелата и шампионската титула. Оваа сезона, Шкендија и натаму е на врвот, а Вардар се наоѓа во тешка клупска ситуација. Но, тоа не значи дека дербито нема да биде возбудливо, иако јасно е дека квалитетот сега е силно на страната на тетовскиот тим.
Голманот Костадин Захов, кој во минатото беше и дел од Вардар, вели дека за Шкендија дуелот со најтрофејниот клуб е како финале кое сакаат да го добијат.
„Шкендија е во трка за титулата и за да ја оствариме целта треба да победуваме. Имаме предност од седум бода, но максимално сме фокусирани на тоа што ни претстои. Секоја грешка може скапо да не чини и затоа максимално сериозно му приоѓаме на секој натпревар. Во сабота не очекува дуел со Вардар и ние сме подготвени. За нас тој меч е како финале кое сакаме да го добиеме. Мораме со таков став да играме до крајот на првенството“, вели голманот на Шкендија, Костадин Захов, за официјалниот сајт на клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор

Евро-фудбал
Рандал Коло Муани на позајмица во Тотенхем

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор
