
Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски со Динамо Загреб вечерва го играат првиот осминафинален натпревар од Лигата на Европа против Тотенхем. Тимот на Жозе Мурињо е во одлична форма, но избраниците на Зоран Мамиќ се надеваат дека можат да се изборат за поволен резултат во Лондон.
„Очекувам да бидеме тим. Да одиграме најдобро што знаеме и да се спротивставиме на одличниот состав на Тотенхем. Жозе Мурињо е роден победник, но можеби и не знае се за Динамо Загреб, тоа може да биде нашата предност. Тотенхем во одлична форма, но и ние покажавме дека можеме да се надигруваме со сите во Европа“, изјави Аријан Адеми.
Арсенал му гостува на Олимпијакос, Рома ќе го пречека Шахтјор, а најинтересниот дуел секако е мега-пресметката меѓу Манчестер Јунајтед и Милан.
„Јунајтед е извонреден состав, речиси и да нема маана. Но, подготвени сме за надигрување и сакаме да оствариме поволен резултат на „Олд Трафорд“, изјави Стефано Пиоли, тренерот на италијанскиот калчолигаш Милан.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
