
Аријан Адеми и Стефан Ристовски се подготвуваат за дуелите со Тотенхем во Лигата на Европа. Хрватскиот шампион го доби англискиот премиерлигаш за ривал во осминафиналната фаза.
Капитенот на „модрите“ вели дека Жозе Мурињо досега докажал дека е роден победник, но предноста на Динамо Загреб можеби лежи во фактот што и не се така познат европски тим.
„Очекувам да покажеме дека сме тим, да излеземе со кренати глави на теренот и да дадеме сè од себе. Тотенхем е една од најдобрите екипи во Англија Но, ние сме подготвени и ќе сториме се да ги запреме. Не чувствуваме притисок. Нивниот тренер е роден победник, но прашање е колку добро не познава. Можеби тоа е нашата предност, ќе видиме в четврток“, изјави Адеми.
Првиот натпревар се игра в четврток во Лондон, додека реванш средбата во Загреб е една седмица подоцна.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нов удар за Ливерпул, се повреди Џереми Фримпонг

Евро-фудбал
Чаби Алонсо со пофалби за Џуд Белингам
