
Молдавскиот бизнисмен Александер Јуцов како носител на инвестицискиот фонд „Ворлд Веб Технолоџис“ би можел да го купи италијанскиот гигант Милан, откриваат медиумите во Италија. Преговорите течат цела година, а пандемијата на коронавирусот ги отежнува за комплетно склучување на зделката. Американскиот инвестициски фонд „Елиот“ гледа одлична можност и за заработка во продажбата на Милан.
„Фондот ВЛТ има голема економска моќ и се занимава со инвестиции во обновливи извори на енергија, инфраструктура, технологија и во спорт. Доколку господинот Јуцов успее да се договори со инвестицкиот фонд „Елиот“ за купопродажба на Милан, тогаш јавноста ќе дознае и многу повеќе детали“, објавија адвокатите на Молдавецот.
Александар Јуцов би бил петти газда на Милан од 2016 година, кога Силвио Берлускони се повлече од клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
