
Баерн Минхен ја оствари 17. победа во Бундес-лигата совладувајќи ја со голем пресврт Борусија Дортмунд со 4-2. Баварскиот тим со овој триумф се врати на првата позиција на табелата со 55 бода, два повеќе од Лајпциг.
„Милионерите“ преку Халанд поведоа со 0-2 во првите десетина минути од мечот. Во втората и во деветтата минута норвешкото голгетерско чудо стрелаше. Но, потоа Роберт Левандовски покажа што знае.
Во 26.минута намали на 1-2, а во 44.минута реализираше пенал за израмнување на резултатот.
Гостите имаа бод в џеб до самиот крај. Но, Баерн Минхен притисна и постигна гол преку Леон Горецка во 88.минута, а две минути подоцна Роберт Левандовски комплетираше хет – трик поставувајќи го конечниот резултат.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Луис Суарез нема да остане во Интер Мајами

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
