Футсал репрезентацијата на Македонија направи пријатно изненадување играјќи 1-1 против Србија во Врање. Тимот на селекторот Васко Скендеровски одигра одличен меч против силната селекција на Србија, а голманот Петровски брилјираше на голот.
„Честитки за момците. Ова е еден од најголемите резултати што нашата футсал репрезентација ги има постигнато во историјата. Да се освои бод против селекција од првиот барабан по квалитет, и тоа на гостински терен е рамно на светско чудо. Ние сме од последниот четврти барабан. Мора да се признае дека имавме и среќа, но таа ги следи храбрите. Не посочувам никој посебно, но голманот Петровски кој правеше чуда. Сите момци се заслужни за големото реми“, изјави Скендеровски.
Селекторот истакнува дека имал голема помош на клупата и од неговиот советник Мато Станковиќ.
„Има уште еден човек со огромна заслуга, не беше на теренот, но беше до мене и навистина ни помогна многу со анализите, а тоа е Мато Станковиќ. Сега веднаш треба да размислуваме за натпреварот во вторник против истиот противник во Скопје. Вратите за пласман на ЕП се ширум отворени и тоа треба да го искористиме”, посочи Скендеровски.
Македонија на 9 март ќе ја пречека селецијата на Србија на домашен терен, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski