Connect with us

Несторовски: Почетокот беше тежок, но сега сум во одличен ритам

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски на последните два натпревари за Удинезе играше значајна улога. Го постигна решавачкиот гол за триумф (1-0) против Фиорентина, а потоа одигра и одличен меч на „Сан Сиро“ против Милан. Вели дека и тој и соиграчите имале криза на стартот на шампионатот, но сега се во одличен ритам. 

„Почетокот беше тежок, не бевме во добар ритам, екипата страдаше, а и јас лично не можам да се препознам. Но, работевме напорно, бевме посветени и фокусирани и ете сега тоа дава резултати. Мислам дека сме во одличен ритам, јас лично исто така сум среќен од моите настапи и верувам дека така ќе продолжиме и на наредните натпревари“, вели Илија Несторовски. 

Удинезе во претстојното коло во Серија А на домашен терен го пречекува Сасуоло. 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови