Connect with us

Само Агуеро може да го задржи Меси во Барселона?

Аргентинскиот интернационалец Лионел Меси најави дека најверојатно ќе си замине од Барселона по завршувањето на сезоната. Пред неколку месеци неговата одлука делуваше категорично, но како што поминува времето, можно е сепак и да се премисли и да остане на „Камп Ноу“. Се ќе зависи од претседателските избори во клубот кои треба да се одржат за неколку дена. 

Хоан Лапорта, поранешниот претседател кој повторно ќе се кандидира за прв човек на клубот, тврди дека Меси ќе остане доколку тој биде избран на раководната функција. Еден од приоритетите во неговото работење ќе биде да го доведе Серхио Агуеро, еден од најдобрите пријатели на Меси на „Камп Ноу“. 

Агуеро одлучи да замине од Манчестер Сити по повеќе од една деценија, а за околу 40 милиони евра би можел да пристигне во Барселона. Тоа може да биде пресвртен момент и Лионел Меси да потпише нов договор со каталонскиот гигант. 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови