Connect with us

Барди ја надмина повредата, ќе конкурира за куп – дуелот со Атлетик Билбао

Македонскиот репрезентативец Енис Барди ја надмина повредата на мускулот и се враќа во конкуренција за настап во тимот на Леванте за вечерашниот куп – натпревар против Атлетик Билбао. Тоа е битка за пласман во големото финале на Копа Дел Реј каде победникот од овој дуел го очекува Барселона.

Барди заработи повреда пред осум дена, мируваше, а лекарскиот тим му даде дозвола да се приклучи на составот за значајниот меч против Атлетик Билбао. Леванте по првиот меч има поволен резултат (1-1) и вечерва во Валенсија ќе се обиде да го завери пласманот во финалето на Купот на Шпанија. 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови